Во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток, иранските дипломатски и провладини редови сè повеќе ги користат социјалните медиуми за да влијаат на меѓународните перцепции за конфликтот и да одговорат на западните наративи за Иран преку сатирична и вирална содржина.
Анализите покажуваат дека хумористични и видеа генерирани од вештачка интелигенција се користат сè повеќе за оваа намена, вклучувајќи анимации и пародии насочени кон американскиот претседател Доналд Трамп и други западни политички актери, пишуваат светските медиуми.
The miserable pirates of the Persian Gulf and the Strait of Hormuz. pic.twitter.com/bOzJy9K3Rb
— Iran Embassy SA (@IraninSA) April 13, 2026
Така, иранската амбасада во Јужна Африка објави видео во кое Трамп, претставен како Елтон Џон, пее: „Ако ме блокираш, тогаш и јас те блокирам“, со опис: „Денешниот музички хит: Блокада, од Трамп“.
Во друга објава, тој беше прикажан како пират заглавен на сред море, со порака за „сиромашните пирати од Персискиот Залив и Ормускиот теснец“. Генералниот конзулат на Иран во Мумбај, исто така, се приклучи на кампањата, која ги истакна воените капацитети на земјата со порака за „црвените пчели на Персискиот Залив“ и брзите ракетни чамци, со предупредување дека „ројот може брзо да го прикова непријателот“, завршувајќи го постот со позната филмска реплика: „Ова е само трејлер, целиот филм допрва треба да се појави“.
“Red bees of the #PersianGulf” yeah, the fast missile boats are warming up.
— Consulate General of the I.R. Iran in Mumbai (@IRANinMumbai) April 13, 2026
Funny how #Trump kept claiming #Iran’s navy was “finished”… now they’re about to find out how a swarm can pin you down real quick.
Abhi toh sirf trailer hai, picture abhi baaki hai 😏.#HORMUZ pic.twitter.com/Wu0FV5iMIc
Според анализа објавена од Гардијан, овој тип содржина постигнува голем глобален дострел и покрај ограничувањата на интернет и притисоците врз медиумите во Иран. Академските соговорници проценуваат дека Техеран успешно ја искористил „комуникациската војна“ на социјалните мрежи, ангажирајќи ги помладите генерации креатори на содржини да обликуваат наратив за конфликтите и сопствената улога во регионот, а воедно ја предизвикал доминацијата на западните медиуми.
Овој дигитален наратив се одвива паралелно со реалните политички тензии. Соединетите Американски Држави и Иран одржаа разговори во Исламабад, но без конечен договор, оставајќи ја неизвесна иднината на кревкото двонеделно примирје. Американската делегација ја предводеа Џ.Д. Венс, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, а разговорите не успеаја откако Иран не ги прифати клучните барања на Вашингтон, првенствено во врска со нуклеарната програма.
Сето ова, според написите, укажува дека социјалните мрежи стануваат клучна арена на современиот политички натпревар, во кој, покрај геополитичките конфликти, се води паралелна медиумска војна за обликување на глобалното јавно мислење.
















