Завршува грејната сезона, следува преоден период до крајот на април, што значи тоа?

Макфакс

15/04/2026

12:08

450

Големина на фонт

а а а

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека грејната сезона завршува на 15 април 2026 година и почнува т.н преоден период кој трае до 30 април.

Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија од утре па се до крајот на месецот, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 целзиусови степени, согласно добиените податоци од Управата за хидрометеоролошки работи снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1º C.