[ФОТО] Уште едно бујно деколте на убавата Лизи ги доби симпатиите од јавноста: Актерката блесна во бел фустан

Точка

14/04/2026

07:19

1.307

Големина на фонт

а а а

Елизабет Харли не ја пропушти можноста да блесне на црвениот тепих во друштво на нејзините најблиски пријатеки и да го покаже своето длабоко деколте.

Позната по своите атрактивни, донекаде провокативни модни изданија, актерката Елизабет Харли повторно покажа стајлинг кој ја скокотка имагинацијата. Имено, актерката, исто како и легендарната Хелен Мирен, присуствуваше на доделувањето на наградите „Оливие“, кои се одржаа во концертната сала „Ројал Алберт Хол“ во Лондон.


За оваа пригода, Лизи одлучи да донесе издание кое комбинира гламурозни моменти и провокативни детали. Станува збор за асиметрична бела тоалета која ја следи линијата на телото и ја нагласува нејзината витка фигура, но и нешто друго.


Длабокиот шлиц во долниот дел, како и бујното деколте, беа впечатливи детали од креацијата, односно детали што ѝ даваа на целата креација пријатна нота.

Стајлингот го комплетирала со високи потпетици во сребрена боја, накит, впечатлива шминка во земјени тонови, но и со брановидна фризура што ѝ паѓа по рамената.


Судејќи според фотографиите од црвениот тепих, Елизабет не била сама на овој настан, туку била придружувана од двајцата најважни луѓе во нејзиниот живот - синот Дамијан Харли и партнерот Били Реј Сајрус.