Зеленски работи на безбедносни договори

Макфакс

13/04/2026

14:08

133

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Украина Володимир Зеленски го сослушал извештајот на Рустем Умеров по првата фаза од работата на украинската делегација на Блискиот Исток и во регионот на Заливот, пренесува Украинска правда.

Зеленски наложил да се финализираат нацртите на неколку нови безбедносни договори, со очекување резултати уште оваа недела.

Украина моментално комуницира за безбедносни прашања со Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Јордан, Турција, Сирија, Оман, Кувајт и Бахреин, а поднесено е барање за соработка и со Ирак.

Разговарано е и за можности за соработка со земјите од Кавказот, како и од Источна и Југоисточна Азија и Африка.

Во регионот на Персискиот Залив се ангажирани повеќе од 200 украински експерти кои работат со партнерите.