Вчера околу 21 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А. (20), Н.Д.(40) и двајца малолетници од Скопје поради извршени кривични дела „разбојништво“ во близина на фонтаната во Градскиот парк во Скопје, каде со закана со нож одзеле пари од неколку малолетници.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителите се приведени во ПС Центар, а по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.








