„Иран губи и тоа во голема мера“, објави Трамп по почетокот на мировните преговори

Макфакс

11/04/2026

16:10

199

Големина на фонт

а а а

Трамп на својата социјална мрежа Truth Social напиша дека поединечни медиуми „сакаат да зборуваат дека Иран победува, кога всушност сите знаат дека тие губат и тоа губат во голема мера“, пренесува Би-Би-Си (BBC).

„Нивната морнарица исчезна, нивното воено воздухопловство исчезна, нивниот противвоздушен апарат е непостоечки, радарот е мртов, нивните фабрики за ракети и дронови се во голема мера уништени заедно со самите ракети и дронови и, што е најважно, нивните долгогодишни лидери повеќе не се со нас, фала на Алах!“, се наведува во објавата.

Трамп додаде дека САД почнуваат „чистење на Хормушкиот теснец како услуга за земјите ширум светот“.

Тимови на Иран и САД денес во Исламабад Пакистан ги почнаа мировните преговори. Американската делегација ја предводи потпретседателот Џеј Ди Ванс, а во неа се специјалниот пратеник на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот Џаред Кушнер. Иранската делегација, ја предводи претседателот на парламентот, Мохамад Бакер Калибаф, а во неа е и министерот за надворешни работи Абас Аракчи.