Румениге предупредува: Забележувам нешто што не ми се допаѓа пред реваншот со Реал

Дерби

11/04/2026

15:10

225

Големина на фонт

а а а

Карл Хајнц Румениге во најавата за четвртфиналето во Лигата на шампиони им даде по 50 процени шанси на двата тима за пламан во следната фаза на најелитното натпреварување, но по 90 минути игра во Мадрид, неговиот Баерн има мала предност.

Баварците победија со 1:2 на „Сантијаго Бернабеу“ и имаа посакуван резултат пред реваншот на „Алијанц арена“, но легендарниот Румениге предупредува дека ништо не е готово во ситуација кога играте против најуспешниот клуб во Европа.

Ценетиот функционер на Баерн ги предупредува играчите и навивачите дека не смеат да паднат во „замката“ која ја создаваат германските медиуми, пришто нагласи дека тимот на Венсан Компани ќе мора да испорача перфектно издание за пласман во полуфиналето.

– Не смееме да направиме грешка и да паднеме во замката која ја прават медиумите. Не смееме да паднеме во еуфоријата која се создава во јавноста. Моментално забележувам многу возбуда пред реваншот и искрено тоа не ми се допаѓа.

– Реал Мадрид ни предизвика многу проблеми во Минхен низ годините, па токму затоа го велам следното: Мора да испорачаме уште еден врвен настап во среда. Мора да бидеме фокусирани, да играме паметно и да се обидеме да ги повториме добрите работи од Мадрид, – изјави Румениге за „ДАЗН“.