Модриќ подготвен да остане во Милан, но само ако се исполнат два услови

Дерби

24/05/2026

14:41

166

Големина на фонт

а а а

Лука Модриќ има опција според која договорот со Милан може да му биде продолжен до 2027-ма година, но тоа ќе се случи ако бидат исполнети два услови кои ги постави искусниот хрватски фудбалер.

По неверојатно добрите изданија кои ги прикажа во петтата деценија од животот, сите луѓе од клубот се уверени дека тој треба да одигра уште една сезона во Милан, но за да се случи тоа, оперативците ќе мора да му исполнат два услови, од кој едниот зависи од случувањата на теренот.

Ако Милан успее да го победи Калјари и обезбеди место во Лигата на шампиони, ќе биде исполнет еден од двата услови на Модриќ, додека вториот е доста посложен.

Имено, италијанските медиуми пренесуваат дека Модриќ е подготвен да остане во Милан само со еден тренер, односно актуелниот Макс Алегри со кого изгради одличен однос и соработка.

Алегри во изминатиот период се поврзуваше и со заминување од клубот поради падот на тимот во клучниот дел од сезоната, но ако тимот обезбеди место во Лигата на шампиони, Модриќ планира да направи притисок за негово останување.

Лука сака да се гледа себеси на највисоко ниво во Европа бранејќи ги боите на Милан, но според „Калчомеркато“, тоа ќе стане реално само ако лидер на стручниот штаб остане Алегри.