[ВИДЕО] Рецепт за сунѓерест пудинг-колач: Се прави лесно, а е совршен за велигденската трпеза

Точка

11/04/2026

15:30

264

Големина на фонт

а а а

Оваа сочна торта се прави многу брзо, а состојките се домашни и веројатно веќе ги имате дома.

Состојки за бисквитот:

5 јајца;
200 грама шеќер;
1 ванилин шеќер;
200 грама брашно;
половина кесичка прашок за печиво;
2 лажици какао;
100 мл масло.

Состојки за филот:

600 мл млеко;
1 кесичка пудинг од ванила;
2 јајца;
200 г шеќер;
3 лажици брашно;
една лажичка екстракт од ванила;
200 мл слатка павлака;
150 грама путер.

Глазура:

200 грама чоколадо;
60 грама путер;
50 мл млеко.

Подготовка:

Изматете ја кората со матење на јајцата со шеќерот.

Додајте масло, прашок за печиво, брашно, ванилин шеќер и какао.

Печете ја кората на 200 степени околу 15 минути.

Додека се пече кората, подгответе го филот.

Во млекото ставете ги јајцата, брашното, пудингот и екстрактот од ванила.

Кога ќе го сварите пудингот, додадете шлаг и путер.

Исечете ја добиената кора на половина и наполнете ја со подготвениот фил од пудинг.

Прелијте го колачот со растопено чоколадо со млеко и путер