[ФОТО] Меџити: Напредуваат работите на улицата „Ферид Мурад“ – проектот добива форма од ден на ден

Макфакс

10/04/2026

20:31

148

Големина на фонт

а а а

Работите на улицата „Ферид Мурад“ продолжуваат со стабилна динамика, а проектот добива јасна форма на терен, кои денес одблизу ги проследи градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити.

Досега се поставени и бетонирани рабници на десната страна од улицата, со што се создава јасна поделба меѓу коловозот и просторот за пешаци, извести Општината.


„Работите на улицата ‘Ферид Мурад’ се одвиваат со предвиденото темпо и секојдневно е видлив напредокот. Создаваме уредна и функционална инфраструктура, каде движењето е побезбедно и поорганизирано за сите граѓани“, изјави Меџити.



Во моментов се работи на подготовка на патеки за пешаци и велосипедисти, со цел зголемување на безбедноста и подобрување на мобилноста на оваа сообраќајница, се додава во соопштението на Општината.