Албанците не се алатки, туку се закон, велат од „Вреди“.
Како што велат од таму, 25 години, правичната и соодветната застапеност се користела за политика.
„За неа се зборуваше, ветуваше, измамуваше, крадеше и корумпираше. Но, кога стануваше збор за решение, секогаш недостасуваше законот. Секогаш недостасуваше волјата. Можеби недостасуваше и храброста.
Таканаречената алатка балансер, која требаше да гарантира еднаквост, во пракса се претвори во механизам со големи правни празнини, што дозволуваше манипулации, толкувања и вработувања мотивирани од теснопартиски интереси. ДУИ имаше години да го направи овој уставен принцип закон. Не го направи тоа. Дури и не се обиде.
Ова е вистината“
Денес, додаваат од „Вреди“ е поинаку. За прв пат, потенцираат, правичната застапеност станува обврска.
„За прв пат, ова прашање има Господар на куќата. Се создава координативно тело, на чело со вицепремиер албанец. Ова значи дека повеќе нема бегање од одговорност. Нема повеќе изговори. Сега има адреса и има одговорност.
За прв пат, вратата за измама е затворена. Нема повеќе лажни претставувања. Постои методологија базирана на реални податоци. Кој и да ја злоупотреби, ќе се соочи со последици.
Еве ја разликата. 25 години го одржуваа ова прашање во живот заради кражба и политичко преживување. Го затвораме со закон. Тие го оставија без адреса. Ние му даваме адреса.
После многу години на Албанците повеќе не им требаат алатки. Тие имаат закон.
Закон за правна и соодветна застапеност“.








