Иран ќе дозволи низ Ормускиот теснец да поминат до 15 бродови дневно

Макфакс

09/04/2026

15:35

228

Големина на фонт

а а а

Иран нема да дозволи повеќе од 15 бродови да поминат низ Ормускиот теснец во еден ден, како дел од договорот за двонеделен прекин на огнот со Соединетите Американски Држави, објави денес агенцијата ТАС, повикувајќи се на неименуван висок ирански функционер.

Ормускиот теснец, низ кој минува околу една петтина од светската нафта и гас, беше практично блокиран по нападите на САД врз Иран, што предизвика ненадеен пораст на цените на енергијата на глобалниот пазар, по што Техеран објави можност за наплата за премин за бродовите.

Овој морски премин е широк 34 километри и претставува премин помеѓу копното на Иран и Оман.

Во мирновременски услови, околу една петтина од светските залихи на нафтени деривати, вклучувајќи ѓубрива, минуваа низ Ормускиот теснец.