Поминаа 24 години од нивниот бурен развод, а сега со овој потег таа го шокираше и него и светот

Точка

09/04/2026

15:15

806

Големина на фонт

а а а

Ким Бејсингер јавно му упати роденденска честитка на својот поранешен сопруг Алек Болдвин, со кого ја има ќерката Ајрленд, а тоа беше нешто сосема неочекувано.

Актерката и актерот имаат турбулентна љубовна приказна и уште потурбулентен развод што се случил пред 24 години, но тоа не ја спречи познатата холивудска ѕвезда јавно да му го честита роденденот на својот втор поранешен сопруг, што беше огромно изненадување и за него.


Ким потполно го изненадила Алек, кога објавила сцена од филмот „The Marrying Man“ во кој двајцата глумеле и токму тогаш се заљубиле еден во друг, во 1990 година.

Поминаа 35 години откако излезе филмот, а Ким го искористила овој момент да му го честита 68-миот роденден на Болдвин.

„Исто така, морам да напоменам дека денес е и роденденот на Алек Болдвин. Среќен роденден на Алек, мојот филмски партнер. Му посакувам здравје, многу смеа и уште многу прекрасни години со семејството и пријателите“, напишала таа под објавата на Инстаграм.


Набрзо следувал одговорот на Болдвин, во кој не го криел своето изненадување.

„Ова е исклучително љубезно и сосема неочекувано. Ти благодарам, Вики Вејл, за роденденските честитки“, одговорил актерот.


Бејсингер и Болдвин се венчале во 1993 година, а по девет години во 2002 година следувал бурниот развод. Тие ја добија ќерката, Ајрленд Болдвин, во 1990 година, а нивната битка за старателство траеше седум години.