Медведев за дебаклот кој долго ќе го памети: Ова не ми се случило ниту на тренинг

Дерби

09/04/2026

12:13

203

Големина на фонт

а а а

Данил Медведев е познат како тенисер кој воопшто не ужива да игра на земјена подлога, но и покрај тоа во минатото знаел да оствари позначајни резултати, па дури и да освои титули.

Рускиот тенисер влезе во посакуван ритам на турнејата во Америка на тврда подлога, меѓутоа во Монте Карло имаше целосно помрачување и не освои ниту еден гејм против Матео Беретини.

Првиот меч на земјена подлога ќе го памети Русинот до крајот на кариерата, бидејќи двата „компири“ кои му ги подели Италијанецот уште долго ќе го прогонуваат.

– Немав одговор за ниту еден негов удар, ништо не сакаше да влезе во терен. Да бидам искрен, ваков дебакл не сум доживеал ниту на тренинг. За да биде уште полошо, немам објаснување зошто ми се случи ова.

– Што и да се обидев, испаѓаше како погрешно решение, едноставно не вредеше ништо што се обидував да направам. Не ми одеше ниту сервисот, па тоа најдобро говори за тоа во каква ситуација бев на теренот, – изјави Медведев, кој за време на мечот го истури сиот свој бес и врз рекетите.