[ФОТО] Турски државјанин се обидел во Македонија нелегално да внесе 116 забни импланти: поднесена кривична

Макфакс

09/04/2026

09:21

178

Големина на фонт

а а а

Турски државјанин, преку граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје, се обидел во државава нелегално да внесе 116 забни импланти кои подлежат на посебни дозволи за увоз, извести Царинската управа.

Во намерата е спречен од царински службеници кои при контрола на личниот багаж ги открија непријавените импланти, чија вредност изнесува еден милион денари.


Против осомничениот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“.