Тимови на САД и Иран пристигнаа во Пакистан за мировни преговори среде сомнежи околу Либан и санкции

Макфакс

11/04/2026

10:35

383

Големина на фонт

а а а

Високи американски и ирански претставници пристигнаа во главниот град на Пакистан, Исламабад за преговори за завршување на нивната шестнеделна војна, иако Техеран ги доведе во прашање разговорите со изјавата дека тие не можат да започнат без обврски за Либан и санкции јави „Ројтерс“.

Американската делегација, предводена од потпретседателот Џеј Ди Ванс и вклучувајќи го специјалниот пратеник на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот Џаред Кушнер, слета во два авиона на американското воздухопловство на воздушната база во Исламабад утрово. Ги пречека началникот на пакистанската армија, маршал Асим Мунир, и министерот за надворешни работи Ишак Дар.

Иранската делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Бакер Калибаф и министерот за надворешни работи Абас Аракчи, пристигна вчера.

Ова ќе бидат преговори на највисоко ниво меѓу САД и Иран од Иранската исламска револуција во 1979 година. Ако двете страни одржат директни преговори како што се очекува, тоа ќе бидат први директни преговори од 2015 година, кога постигнаа договор за нуклеарниот програм на Иран.

Трамп ја откажа нуклеарната спогодба во 2018 година за време на неговиот прв мандат. Таа година, тогашниот врховен лидер на Иран, ајатолах Али Хамнеи – кој беше убиен на почетокот на војната пред шест недели – забрани понатамошни директни преговори меѓу официјални лица на САД и Иран