Актуелниот НБА шампион Оклахома Сити оствари уште една рутинска и убедлива победа (87:123) над Лос Анџелес Лејкерс, овојпат на гостински терен.
Шеј Гилџис-Александер и неговите колеги немаа никаков проблем на теренот во Ел-Еј, најмногу и поради фактот што домаќините настапија без дури пет важни играчи.
Дончиќ, Ривс, ЛеБрон, Смарт и Хејс не се најдоа на оваа средба поради различни проблеми и повреди, а сезонава Лејкерс имаше проблем да му парира на шампионот и кога беше комплетен.
Шеј го заврши натпреварот со 25 поени како најефикасен на теренот, Хачимура со 15 поени беше најдобар реализатор во поразениот тим.
Индијана – Минесота 104:124
Вашингтон – Чикаго 98:129
Бруклин – Милвоки 96:90
Торонто – Мајами 121:95
Бостон – Шарлот 113:102
Њу Орлеанс – Јута 156:137
Голден Стејт – Сакраменто 110:105
Л.А Клиперс – Далас 116:103
Л.А Лејкерс – Оклахома 87:123
Феникс – Хјустон 105:119








