Премиер лигата доби и петто место во Лигата на шампионите

Дерби

08/04/2026

09:31

202

Големина на фонт

а а а

Клубовите кои се борат за највисок пласман во англиската Премиер лига добија одлична информација по вчерашната четвртфинална вечер во Лигата на шампионите.

Победата на Арсенал во Лисабон беше доволна за премиерлигашките клубови да дојдат до поени, со кои англиското првенство повторно ќе има пет претставници во најелитното европско натпреварување.

УЕФА доделува по едно место за две земји чии екипи ќе остварат најдобар ефект во европската сезона, а Англичаните веќе си го потврдија првото место на ранкингот, без разлика што ќе се случува до крајот на актуелното издание на ЛШ.

Доколку Ливерпул победи сезонава во ЛШ или Астон Вила во Лига Европа, а не се во Топ 4 на крајот на сезоната, тогаш Англија може да има и шест претставници во најелитното натпреварување.

Потврдата за значењето на петтото место на табелата само ќе ја разгори битката во завршницата, бидејќи од актуелниот петтопласиран тим Ливерпул до Борнмут кој е на 13. место, разликата е само седум бодови.

Шпанска Ла Лига е фаворит за второто место кое ќе значи уште еден претставник во ЛШ, а Германија и Португалија се уште имаат теоретски шанси да се замешаат во оваа битка.