Баерн Минхен за првпат го победи Реал Мадрид после 14 години и тоа го направи на жешкиот терен во шпанската престолнина, но поволните 1:2 немаше да бидат возможни ако германскиот шампион на голот го немаше расположениот Нојер.
Иако многумина ја доведуваа во прашање неговата форма во последно време, Нојер синоќа на најголема европска сцена уште еднаш покажа зошто важи за еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот, и тоа на 40-годишна возраст.
Голманот на Баерн го заврши дербито со Реал со девет успешни интервенции и некои од нив беа навистина спектакуларни, а мора да се каже дека реагираше како вистински пантер и при голот на Мбапе.
Manuel Neuer and David Raya in those quarter-final first legs 🤯
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) April 7, 2026
Best save? ⛔@qatarairways | #LetsFly pic.twitter.com/gkZJElB844
Нојер се фрли како мачка и малку фалеше да режира чудесна одбрана кога сите ја видоа топката во голот, но и покрај тоа што прими еден гол, на крајот сосема заслужено го понесе МВП признанието.
– Знаевме колку Реал може да биде опасен со играчите кои ги има во нападот. Тие креираа многу шанси и среќни сме што победивме. Сепак, истовремено сме свесни дека ќе имаме тешка задача во Минхен следната недела. Се уште се забавувам и добро се чувствувам во тимот. Вистина е дека имам 40 години, но се уште сум тука, – изјави Нојер со МВП признанието во рака.








