Пред нас е клучна недела во кошаркарската Евролига, седмица во која имаме двојно коло по кое ќе бидат појасни доста работи околу пласманот во плејофот и плејин фазата.
Не очекуваат супер интересни битки од 36 и 37 рунда, а како загревање за тоа што следува ги имаме најубавите моменти од 35. коло.
Топ 10 листата започнува во Париз, а завршува во Сараево, поточно го имаме Хифи во елемент, но и Андерсон кој е на врвот со „постерот“ над Хејс.
Тука е и неверојатната мајсторија во режија на Џонс од Партизан…вистиско уживање.








