Сакате дожд додека сте на одмор? Француски хотел нуди попуст – 1 евро помалку за секој милиметар наврнат дожд

Точка

06/04/2026

14:10

245

Големина на фонт

а а а

Во францускиот крајбрежен град Порник на атлантскиот брег, локалниот хотел Ла Фонтен понуди поврат од едно евро на секој турист за секој кубен милиметар дожд што ќе наврне за време на нивниот престој во сместувачкиот капацитет.

Со 35 последователни дена врнежи од дожд на почетокот од оваа година, јануари и февруари беа особено влажни месеци во Франција, пишува Фигаро.

„Јануари е обично доста мирен на атлантскиот брег. Оваа година, февруари беше особено влажен и тоа имаше негативно влијание врз туризмот“, изјавил Стефан Бертран, менаџерот на хотелот Ла Фонтен.


Тој објаснил дека е вообичаено гостите од блискиот Нант кон крајот на неделата да ја проверуваат временската прогноза за викендот.

„Ако времето е убаво, тие доаѓаат, а ако не е, тие не доаѓаат. Но, времето на нашиот атлантски брег постојано се менува“, истакнал Бертран.


Инаку хотелот Ла Фонтен ја добил лиценцата „Зелен клуч“ за одржлив туризам во областа на сместувањето и угостителството, а претходно оваа година ја добил и наградата „Семеен избор“, со која е препознаен како место погодно за престој на деца.