Инфлуенсерката Џолин Вајс открила на социјалните мрежи што се случило на лет на компанијата „Ryanair“, откако ѝ било забрането да се качи во авионот поради навреда што ѝ ја упатила на вработена во авиокомпанијата. Наместо поддршка, нејзиното видео предизвика бран критики кај повеќе од два милиони гледачи.
„Никогаш повеќе нема да летам со ‘Ryanair’“, рекла Вајс низ солзи во своето видео.
Според нејзините зборови, за време на патувањето од Порто во Португалија, се соочила со „исклучително непристоен и непрофесионален персонал“. Како што објаснила, ситуацијата ескалирала откако авиокомпанијата ѝ наплатила најмалку 200 долари дополнителни трошоци.
Инфлуенсерката објаснила дека доцнела на летот и не успеала навреме да го пријави багажот, па сè снимала за своите следбеници. Меѓутоа, снимањето дополнително ѝ ја искомплицирало ситуацијата. Според нејзините тврдења, една од вработените, која во видеото ја нарекла „Изабела или како и да се вика“, побарала да престане со снимање, заканувајќи ѝ се со полиција.
„Морав да го избришам видеото, па дури и од фолдерот „неодамна избришано“ на телефонот и да ѝ го покажам тоа“, раскажала Вајс.
Откако го избришала видеото, Вајс тврди дека друг вработен побарал дополнителни 75 долари за непријавена торба. Кога платила, веќе била пред влез во авионот, но во момент на бес ѝ дофрлила на вработената: „Знаеш што, ти си ку*ка, а љубезноста не чини ништо“.
Таа реченица, како што тврди, ја чинела летот.
„Таа рече: ‘Нема да влезете во авионот’. Останав без патувањето, иако ја платив дополнителната такса“, рекла Вајс низ солзи.
Инфлуенсерката своето искуство го опиша како „најнепрофесионално досега“ и „јасна дискриминација“, а потоа нагласила дека инаку секогаш е насмеана и љубезна кон сите.










