„Дали е легално да побарам развод…“ Со објава на „Редит“ го насмеал целиот Балкан

Точка

02/04/2026

15:32

538

Големина на фонт

а а а

Постои место каде што нема глупави прашања, туку главно има само глупави одговори, а тоа е „Редит“. Таму постојат безброј групи наменети токму за прашања и одговори, а многумина токму таму бараат анонимен совет.

Иако повеќето одговори се потсмешливи и не треба сериозно да се сфаќаат, има и поединечни одговори што можат да бидат исклучително корисни. Затоа треба да се биде внимателен со информациите добиени на таа платформа, а сабредитот (форумот) „askcroatia“ неодамна беше сведок на урнебесна расправа.

Еден маж таму побарал совет во врска со брачни проблеми, а кога ќе ја видите причината за неговото прашање, веднаш ќе ви стане јасно зошто објавата предизвикала толку многу одговори и коментари од корисниците.

Тој го поставил прашањето: „Дали е легално да побарам развод ако ја фатив жена ми како става кечап во сарма?“, а во продолжение додал и малку контекст.

Je li legalno zatražiti razvod ako sam uhvatio ženu da stavlja kečap u sarmu?
by

u/Kindly_Moment105 in

askcroatia

Објаснил дека дошол дома и ја видел сопругата како отвора туба благ кечап и „шара“ по сармата. Додал и дека таа му рекла дека е „пресува“, пред да праша: „Дали е ова крајот?“.

Коментарите се преполни со реакции од шокирани корисници од ваквото „уништување“ на традиционалното јадење, а многумина биле длабоко погодени. Некои го советувале веднаш да побара совет од адвокат, додека еден корисник на шега напишал дека поради тоа може да добие и црковно разрешување од папата.

Дел од корисниците коментирале дека доживеале слични прехранбени навики од кои им се „крева косата на глава“.

Се вели дека љубовта оди преку стомакот, а кечапот очигледно не се смета за афродизијак.