Невреме ја погоди Грција: има загинати

Макфакс

02/04/2026

12:00

269

Големина на фонт

а а а

Бурата „Ерминио“ погоди неколку делови од Грција, предизвикувајќи поплави и соборени дрвја, додека 50-годишен маж загина во градот Неа Макри.

Според претседателот на синдикатот на пожарникари, Костас Цигас, противпожарната служба примила околу 400 повици само во регионот Атика, главно поради испумпување вода од поплавени згради и отстранување паднати дрвја, објави ЕРТ.

Еден маж загина кога бил однесен од порој додека се обидувал да излезе од поплавен подрум, по што останал заглавен под возило кое го поместила силната вода.

Најлошите проблеми се пријавени во североисточните делови на Атика, вклучувајќи ги областите Дионисос, Пикерми, Маратон и Неа Макри, каде што екипите отстраниле опасни предмети и ги расчистиле патиштата за да се овозможи продолжување на сообраќајот.

Противпожарните служби остануваат во делумна готовност низ целата земја, поддржани од специјални единици, додека оперативниот центар продолжува да прима повици од граѓани во други области, вклучувајќи го и Пелопонез.

Властите апелираа до граѓаните на дополнителна претпазливост, бидејќи неповолните временски услови продолжуваат во текот на денот, пренесува Танјуг