Вработените од Телеком пошумуваа на Јасен

Макфакс

02/04/2026

13:49

143

Големина на фонт

а а а

Вработените од Македонски Телеком учествуваа во акција за пошумување и обнова на шумите во Националниот парк Јасен. Ова подрачје беше погодено од големиот пожар во август 2025 година.

Вработените од Телеком пошумуваа на Јасен

Вработените од Македонски Телеком учествуваа во акција за пошумување и обнова на шумите во Националниот парк Јасен. Ова подрачје беше погодено од големиот пожар во август 2025 година.


„Акцијата на Јасен претставува уште еден чекор во напорите за обнова на шумите и зачувување на природните ресурси. Со оваа иницијатива, ние продолжуваме да придонесуваме кон подобрување на екосистемот, како дел од нашата ESG агенда и заложбата за одржлив развој“ - изјави Славко Пројкоски, Главен директор за финансии.


Како дел од Дојче Телеком, компанијата дава активен придонес во ограничувањето на климатските промени. Неодамна групацијата постигна климатска неутралност во своето работење и ги намали своите емисии за повеќе од 94 проценти во споредба со 2017 година преку: зелена електрична енергија, енергетска ефикасност и оптимизација на згради. Дополнително се фокусира на циркуларна економија и ефикасно користење на ресурсите за понатамошно подобрување на климатската рамнотежа.


Акцијата за пошумување на Јасен е една од низата акции коишто се преземаат за обнова на зелениот појас во Македонија којшто секоја година е зафатен од големи шумски пожари. Одржливоста останува од суштинско значење за Телеком.