Челзи пријави најголема загуба во историјата на англискиот фудбал

Нетпрес

02/04/2026

07:56

285

Големина на фонт

а а а

Претходната најголема загуба во една сезона од 194,9 милиони фунти ја забележа Манчестер Сити во сезоната 2010/11

Лондонскиот премиерлигашки клуб Челзи пријави загуба од 262,4 милиони фунти за сезоната 2024/25, најголемата загуба направена во само една година во историјата на англискиот фудбал.

Претходната најголема загуба во една сезона од 194,9 милиони фунти ја забележа Манчестер Сити во сезоната 2010/11.

„Сините“ од стадионот „Стемфорд Бриџ“ не беа потпомогнати од зголемувањето на приходите на 490,9 милиони фунти благодарение на освојувањето на Конференциската лига и завршувањето на четвртото место во англиското првенство.

„Оперативните трошоци се зголемија првенствено поради враќањето во европските натпреварувања, што значително ги зголеми трошоците за натпреварите“, објасни Челзи