[ВИДЕО] Меси во солзи – плаче цела Аргентина

Точка

01/04/2026

17:20

1.225

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси емотивно го доживеа последниот домашен натпревар во дресот на репрезентацијата на Аргентина.

Фудбалерите на Аргентина ја победија Замбија остварувајќи резултат 5:0.

Головите ги постигнаа Алварез во 4-та минута, Меси во 43-та минута, потоа Отаменди во 50-та минута од пенал, автоголот на Чанде за 4:0, а конечниот резултат го постави Барко во 94-та минута.

Интересно е што Аргентина во второто полувреме доби и пенал, но Лeo Меси одби да го изведе. Наместо тоа, топката му ја даде на Николас Отаменди, кој исто така беше прецизен, а потоа следеше прегратка со соиграчите.

Понатаму, многу е можно дека и за Отаменди ова беше последниот натпревар на територија на Аргентина, бидејќи и тој најави повлекување од репрезентацијата по Светското првенство ова лето.

Буенос Аирес во солзи го следеше овој натпревар, последниот натпревар на репрезентацијата на Аргентина пред Светското првенство.

Беа тоа солзи радосници испреплетени со илјадници спомени, бидејќи Лионел Меси го одигра својот последен натпревар за Аргентина на домашен терен.

Ниту Меси не е од камен – плачеше и тој, како и речиси целиот стадион, кој го испрати со овации и аплаузи.

Својот последен танц како „гаучос“ ќе го има на Мундијалот во Мексико, Канада и САД, кој започнува на 11-ти јуни. Аргентина ќе игра во Група Ј со Алжир, Австрија и Јордан.