„Историско“ зголемување на платите за 4 килограми домати, 2 килограми краставици и 4 литри дизел, велат од СДСМ

Макфакс

01/04/2026

19:05

159

Големина на фонт

а а а

Според СДСМ, македонските граѓани, македонските работници имаат најниски плати во Европа и едвај врзуваат крај со крај.

Владата на Мицкоски, како што додаваат од оваа партија, не прифаќа да ја покачи минималната плата на 600 евра, не презема мерки за намалување на високите цени но затоа, како што додаваат, ги убедува граѓаните дека покачување на платите од 7% во образованието е „историско“.

„„Историското“ зголемување колку вреди? 4 килограми домати, 2 килограми краставици и 4 литри дизел. Ете толку е од историското зголемување.

За само три месеци новиот раст на цените е околу 2.500 денари, вредноста на синдикалната минимална кошница во март достигна скоро 68.000 денари.

Поскапе и лебот, а Мицкоски уште чека, не воведува мерки.

Очигледно Владата на Мицкоски мисли дека граѓаните не ги гледаат своите џебови, празните паричници и фрижидери“.