[ВИДЕО] На денешен ден пред пет години: Македонија ја шокираше Германија во Дуизбург

Дерби

31/03/2026

14:05

163

Големина на фонт

а а а

Македонија вечерва игра пријателски меч против Република Ирска во Даблин, натпревар кој нема никакво резултатско значање, но истиот може да послужи за закрепнување по тешкиот пораз од Данска во полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство.

Меѓутоа овој денешен ден со големи букви е запишан во историјата на македонскиот фудбал затоа што ја имаме забележано најголемата победа во едни квалификации и тоа на гостински терен против Германија.

Тогашната селекција предводена од Игор Ангеловски успеа да ја шокиран Германија во Дуизбург, да слави со 2-1 во квалификациите за СП.

Пандев не донесе во водство во финишот на првото полувреме, домаќините во вториот дел по еден „мек“ пенал успеаа да израмнат преку Гундоган, но ние го имавме последниот збор и во 85 минута преку Елмас дојдовме до славје кое и денеска го паметиме.