Арсенал го очекуваат важни предизвици во три натпреварувања до крајот на сезоната, поточно е во игра за три пехари-Премиер лигата, Лигата на шампионите и ФА Купот.
Овие битки доаѓаат веднаш по овој „прозорец“ наменет за репрезентациите каде „топчиите“ вратија двоцифрен број на играчи. Имено 10+ играчи откаажа, настапија или порано ги завршија репрезентативните обврски, а легендарниот Гери Линекер не е убеден дека сите од нив имаат повреди кои ќе ги спречат да играат за Арсенал почнувајќи од мечот со Саутемптон во ФА Купот.
Ленекер смета дека Микел Артета ја користи тактиката на сер Алекс Фергусон кој беше познат по тоа што беше заштитнички настроен кон своите играчи честопати вршејќи притисок за да се осигура дека клучните фигури ќе избегнат непотребни пријателски натпревари.
-Интересно е што неколку играчи на Арсенал се повлекоа од овој состав сега. И [Букајо] Сака и Деклан Рајс си заминаа. Тие им се придружија на луѓе како [Вилијам] Салиба и Габриел и уште еден или двајца други играчи. Мислам дека Артета ја игра улогата на Сер Алекс тука.
-Менаџерот секогаш би ве притискал да се повлечете од пријателските натпревари, особено. Ми се случи неколку пати и во двата наврати реков дека нема шанси, -истакна Линекер во „The Rest is Football“.








