Полицајци нападнати во Шуто Оризари

Макфакс

31/03/2026

13:43

223

Големина на фонт

а а а

Полициски службеници биле нападнати вчера во Шуто Оризари, во два одвоени случаи, соопшти МВР.

Во 23:00 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Шуто Оризари го лишија од слобода З.И.(49) од Скопје поради тоа што, најпрвин со тврд предмет оштетил полициско возило, а потоа и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 од Кривичниот законик.

Истиот ден, во 16:50 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа М.С.(47) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници, кои извршувале службени дејствија. Додека, неговиот малолетен син физички нападнал полициски службеник, по што побегнал, но подоцна сам се пријавил во полициска станица. Со него е извршен службен разговор во присуство на родител и адвокат. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.