Кривична за секретарка во училиште во Куманово, сакала да прикрие 3 дена неоправдано отсуство од работа

Макфакс

31/03/2026

13:38

145

Големина на фонт

а а а

Полицијата поднесе кривична пријава за секретарка во училиште во Куманово која сакала да прикрие три дена неоправдано отсуство од работа.

Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против Н.Б.(50) од Куманово поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

„Пријавената, во својство на секретар во општинско основно училиште во Куманово, била отсутна од работа од 05.03.2025 до 07.03.2025, а подоцна вметнала непостоечка документација во деловодникот на училиштето за да го прикрие нејзиното неоправдано отсуство од работа“, соопшти МВР.