Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје.
„Денес започнавме широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со цел побезбеден, поуреден и помодерен јавен простор за сите граѓани. Активностите стартуваа на булеварот ‘Партизански одреди’, на потегот од мостот ‘Обединети нации’ до пешачкиот мост ‘Влае’, во површина од 1.200 метри квадратни. Оваа делница добива целосно нов лик – пешачка патека со ширина од 4 метри, комплетно реконструирана и современо уредена, со нова подлога, подобрена пристапност, уредени рабници и зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот“, објави градоначалникот.
Важно е да се напомене дека, додава тој, токму оваа патека беше една од најбараните од граѓаните, имајќи предвид дека станува збор за исклучително фреквентна зона која со години беше во сериозно лоша состојба.
„Со оваа интервенција, конечно ставаме крај на сликите на запуштеност и небезбедност. Ваквите слики стануваат минато. Продолжуваме со интензивна реконструкција на пешачките патеки и велосипедската инфраструктура, но и со изградба на нови современи решенија, затоа што скопјани заслужуваат функционален, уреден и европски град, што ги става луѓето и нивното секојдневие на прво место“, вели скопскиот градоначалник.
🏃♀️ Целосна реконструкција на пешачките патеки
✔️ Денес започнавме широка и сеопфатна акција за реконструкција на...
Posted by Орце Ѓорѓиевски - Orce Gjorgjievski on Tuesday 31 March 2026












