Анџелина Џоли во последните години ретко се појавува во јавноста, но секојпат воодушевува со својот стил на црвениот килим, што ѝ успеало и овој викенд во Кина.
Актерката присуствувала на настан на брендот „Том Форд“, чие заштитно лице е со години, а пристигнала во елегантен мантил-фустан во боја на слонова коска и ги нагласила своите полни усни со црвен кармин.
Анџелина пристигнала во друштво на Хајдер Акерман, креативниот директор на модната куќа „Том Форд“, со кого цело време се прегрнувала и го држела за рака, што е прилично изненадувачки за Џоли, која одамна со никого не покажала таква блискост.
Сепак и покрај неспорната убавина на актерката, на социјалните мрежи се појавија многу негативни коментари на нејзина сметка, а додека многумина коментираат дека изгледала како да е под седативи, има и такви што се загрижени дека една од најубавите жени во светот почнала да претерува со естетската хирургија.
„Нешто ѝ се случило со очите, изгледа како да е на лекови“, „Нешто не е во ред со неа“, „Дефинитивно е на нешто“, „Што ѝ е со лицето?“, „Мора да ѝ помогнеме на Анџелина Џоли пред да си го уништи ова прекрасно лице“, „Таа веќе нема мимика“… се само дел од коментарите.
Што правела Анџелина Џоли на лицето?
Оскаровката никогаш не ги коментирала тврдењата дека почнала да претерува со посетите кај хирурзи, ниту дека досега имала каква било интервенција.
Обожавателите на актерката најмногу се сомневаат на фејслифтинг, но многумина веруваат дека можеби вбризгала премногу хијалуронски филери во јаготките, како и дека има филери и во брадата за да постигне совршена линија на вилицата.

Се шпекулира и дека актерката користела ботокс за да ги измазни брчките на челото и во пределот околу очите, како и дека усните ѝ го губат природниот волумен и дека тоа го надоместува со минимални филери во усните.

Пластичните хирурзи уште претходно, анализирајќи ги старите и новите фотографии на Анџелина, заклучиле дека го оперирала носот уште на почетокот на кариерата, што таа никогаш не го потврдила.










