Крај на приказната: Тотенхем го „шутна“ Тудор

Дерби

29/03/2026

17:07

275

Големина на фонт

а а а

Хрватскиот фудбалски стратег, Игор Тудор нема повеќе да ја извршува функцијата менаџер на Тотенхен, објави клубот од северен Лондон.

Тудор беше доведен како замена за Томас Франк, меѓутоа не успеа да го донесе она што се очекуваше по што беше прашање на време кога ќе дојде до крај на соработката.

Денеска „петлите“ ја информираа јавноста дека е постигнат договор за разделба со Тудор кој беше активен во изминативе шест седмици. Во тој период Тотенхем загуби од Нотингем Форест, Атлетико Мадрид, Кристал Палас, Фулам и Арсенал, одигра нерешено со Ливерпул на „Енфилд Роуд“, а единствената победа ја запиша над Атлетико во реваншот од ЛШ кога се беше јасно околу патникот во четвртфиналето.

Кој ќе седне на жешкото столче и ќе спречува најлошо сценариот за Тотнем, испаѓање во Чемпионшип лигата се уште не е познато.