Клоп: Мојата приказна со Салах беше прекрасна, но на моменти и тензична

Дерби

29/03/2026

10:02

247

Големина на фонт

а а а

Јирген Клоп го нарече Мохамед Салах еден од најдобрите играчи кои некогаш заиграле во Премиер лигата, а во денови кога стана јасно дека тој ги брои последните месеци во англиската елита, изјавите за неговото дело стануваат се поактуелни.

Клоп вчера го водеше тимот составен од легенди на Ливерпул кој играше против Борусија Дортмунд на „Енфилд Роуд“, па по мирољубивото реми од 2:2, германскиот стручњак проговори за својата незаборавна соработка со Салах, која на моменти му носеше и тензични моменти.

– Мојата приказна со Мо е навистина препрасна, но за да биде уште поинтересна, имавме и тензични и напнати моменти. Имавме свои дискусии, но секогаш сме завршувале добро на крајот.

– Двајцата знаевме да имаме спротивставени мислења, а сите најмногу го паметат мечот со Вест Хем. Се раскаравме крај аут линијата, но пет секунди подоцна, двајцата знаевме дека направивме погрешен потег. Не требаше да го направиме тоа јавно, бидејќи веќе следното утро тоа беше архивирано. И покрај се, никогаш не ја загубивме меѓусебната почит и тоа е она што најмногу ми се допаѓа.

– Времето кое го минавме заедно беше огромен предизвик за двајцата, исто беше и со Мане. Најдобрите играчи се голем предизвик за менаџирање. Беше тешко да се ротира Мо, јас сметав дека не може да игра по три меча во иста седмица, а тој сметаше дека тоа е сосема нормално, – порачува Клоп.