Легендарниот Луческу се онесвестил на утринскиот тренинг, романската Федерација излезе со први информации

Дерби

29/03/2026

12:11

205

Големина на фонт

а а а

Подготовките на Романија за гостувањето кај Словачка добиле навистина лоша епизода рано утрово, откако лидерот на националниот тим морал да го прекине истиот поради влошена здравствена состојба.

Како што пренесуваат угледните романски медиуми, легендарниот Мирчеа Луческу се срушил на теренот и се онесвестил пред самиот старт на тренингот, па откако добил прва помош и бил стабилизиран, бил испратен на дополнители детални прегледи во клиниката во Букурешт.

Угледните романски медиуми пренесуваат дека Луческу успеал да се опорави од првичниот шок и брзо бил контактибилен, а со информација се јавија и од Романската Федерација.

Во соопштението кое беше доставено до јавноста, Федерацијата потенција дека Луческу е стабилизиран и останува на мониторинг во болница, по што дополнително ќе бидат објавени информации во кој правец ќе тече неговото опоравување.

80-годиниот стручњак ќе остане хоспитализиран се додека не добие зелено светло од лекарите да ја напушти болницата, што значи дека Луческу нема да отпатува за Словачка за пријателската средба која е закажана за во вторник.