Жили искрен: Си заминав од Барселона поради Меси

Дерби

28/03/2026

15:06

303

Големина на фонт

а а а

Лудовик Жили беше важен дел од моќниот тим на Франк Рајкард кој ја покори Европа, но откако го достигна врвот во Барселона, Французинот беше принуден да се помири со таканаречена смена на генерации.

Иако се уште беше во врвна форма, Жили се најде во ситуација да ја менува средината во 2007-ма година, а речиси две децении подоцна нема проблем да признае дека си заминал поради фактот што неговото место му го украде Лео Меси.

Малото момче од Аргентина беше на своите почетоци кога Жили важеше за голема европска ѕвезда, но самиот Лудовик сфатил дека нема што да бара во Барса кога за конкуренција има таков фудбалер.

– Ми се отворија хоризонтите кога го видов Меси. Имав уште една година од договорот, но си заминав кога Меси пристигна во првиот тим. Видов што прави на тренинзите и сфатив дека е време да си одам.

– Од денешна гледна точка, тоа што го направив беше сосема во ред. Тој го зема моето место и со мирна совест можам да кажам „Си заминав поради Меси“. На крајот на краиштата, тоа не испадна лошо. Немам проблем да го признаам тоа, видете што направи Меси и до каде далеку стигна како фудбалер, – вели Жили.