Остануваат уште осум кола до крајот на тековнава сезона во италијанската Серија А каде во најдобра позиција да го освои Скудетото е Интер.
„Нероаѕурите“ се лидери со 69 бода, односно имаа плус шест и седум во најблиските ривали Милан и Наполи. Меѓутоа Интер во изминатиов период бележи пад во формата и во последните три рунди освои само два бода со што им даде надеж на противниците дека можат да се вмешаат во трката за титулата.
Многумина не веруваат во таков сценарио дека Милан, па и Наполи можат да го загрозат составот кој го предводи Кристијан Куву, но според италијанскиот репрезентативец Џузепе Панкаро и тоа како има причина за загриженост во сино-црниот дел од Милано.
-Според мене, далеку е од тоа дека е завршено. Интер го чувствува притисокот од Милан и Наполи: треба да видиме колку веруваат во себе, -порача Панкаро кој во кариерата освои лигашки пехари со Милан и Лацио.








