Њујорк Никс прерасна во трет најдобар тим во регуларниот дел од сезоната на Истокот, а со добрата форма која ја прикажа во последно време, достави кандидатура да го нападне и второто место кое е во сопственост на Бостон.
Никси беа во серија од седум победи во низа во НБА лигата, но рано утрово крај на позитивните вибрации стави Шарлот, кој успеа да го одбрани домашниот терен во обид да избори плејоф.
Хорнетси се уште се во игра за влез меѓу шесте најдобри и директен пласман во разигрувањето, а со петтата победа во низа, можат со голема доза на самодоверба да гледаат на блиската иднина.
Благодарение на доминантните три четвртини кои ги одигра, Шарлот можеше да си дозволи мало опуштање во последните 12 минути, но и покрај тоа, домаќините славеа сигурен триумф со 114:103.
Кнупел со 26 поени беше прво име во победничкиот тим, Бол уфрли 22, а еден помалку имаше Милер.
На останатите два меча во НБА лигата, Детроит го победи Њу Орлеанс со 129:108, додека Орландо беше подобар од Сакраменто со 121:117.








