Седлоски: Ова е пораз кој боли, фудбалерите паѓаат…

Дерби

27/03/2026

08:00

1.672

Големина на фонт

а а а

Македонската А фудбалска репрезентација не успеа да направи изненадување и претрпе убедлив пораз од Данска од 4-0 во баражот за место на Светското првенство.

Иако пред натпреварот имаше доста најави од нашиот состав, фудбалерите, стручниот штаб за добра игра и резултат на „Паркен“, ситуацијата на теренот беше поинаква, Данците на надиграа и заслужено одат во финалето на овој сегмент, односно последното скалило за билет за мундијалот.

Селекторот Гоце Седлоски најави дека ќе биде направена детална анализа зошто екипата така брзо се распадна по примениот гол на стартот на вториот дел.

-Честитки до Данска за пласманот во финалето. Ова е тежок пораз кој боли, останува пред нас да работиме, но имавме против нас една силен ривал кој заслужено не победи. Најмногу стравував од страничните позиции и мислам дека од таму дојде поразот.

-Барав на полувреме да се смириме, и да излеземе да засилиме темпо и да почнеме да играме фудбал. Не знам зошто така паѓаат во игра одеднаш фудбалерите, ќе разговарам со нив зошто има таков пад на концентрација и зошто нема реакција. Ќе има анализи, сега имаме нов натпревар, а потоа ќе видиме дали ќе се повикуваат нови фудбалери, и што и како понатаму со репрезентацијата, -порача Седлоски.