[ВИДЕО] Побегнале од светот и живеат среде океан: Никој не може да му се приближи на ова семејство, снимката открива како изгледа животот на „крајот на светот“

Точка

26/03/2026

19:44

713

Големина на фонт

а а а

Длабоко во Јужниот Тихи Океан, приближно на половина пат помеѓу источниот брег на Австралија и западниот брег на Јужна Америка, се наоѓа низа од оддалечени острови.

Всушност, тоа и не се класични острови, туку ниски атоли (корални острови) – прстенести корални формирани острови кои едвај се издигаат над нивото на морето.

Еден од нив, атолот Ахе, е дом на она што многумина го нарекуваат „најоддалеченото живеалиште на светот“. Таму живее семејството Умбер, три генерации одгледувачи на бисери, кои пред неколку децении одлучиле овој изолиран тропски дел од земјата да го претворат во свој дом, речиси без никаков физички контакт со надворешниот свет.


Семејството го води брендот Камока, кој се занимава со одгледување и продажба на бисери. Нивните ѓердани чинат од неколку стотици па до речиси 14.000 евра. Со текот на годините се соочувале со многу предизвици – од нестабилниот пазар на бисери, преку напади на ајкули за време на нуркање, до семејни несогласувања и живот целосно надвор од мрежата.

На нивната официјална веб-страница накратко е опишана семејната историја и врската со овој остров.

„Фармата за бисери Камока се наоѓа на атолот Ахе, коралниот прстен кој се издига само неколку метри над нивото на морето и опкружува лагуна со површина од околу 194 квадратни километри. Ахе се наоѓа околу 480 километри североисточно од Таити, во архипелагот Туамоту. Љубезноста на луѓето и неверојатната убавина на морето, копното и небото го прават ова место суштина на тропскиот рај.


Семејството Умбер пристигнало на Ахе на почетокот на седумдесеттите години од минатиот век, со едрилица со труп од фероцимент што сами го направиле. Веднаш се зближиле со локалното население, кое им понудило мало песочно островче каде можеле да се населат и да изградат куќа од палмови листови. Лоик, најстариот син, тогаш имал пет години иго посетувал единственото основно училиште на островот, додека Џош бил уште премал за училиште и така започнала неговата доживотна љубов кон океанот и неговите жители.“

Децении подоцна, семејството Умбер сè уште живее на ова место, далеку од секојдневниот живот на повеќето луѓе, но во средина која многумина можат само да ја замислат како совршен рај.