Јаник Синер продолжува да брилијира на турнирите од Мастерс серијата 1000, па откако го урна историскиот рекорд на Новак Ѓоковиќ, сега дополнително го подобри новиот рекорд.
Синер го израмни Ноле во втората рунда и запиша 24 освоени сетови во низа на турнирите од оваа серија, но рано утрово стигна до 28 во низа откако го победи и домашниот миленик во Мајами.
You had no right, @janniksin 😲#MiamiOpen pic.twitter.com/slC6KUuvjT
— Tennis TV (@TennisTV) March 24, 2026
Алекс Микелсен скапо ја продаде кожата и сериозно го тестираше светскиот рекет број два, меѓутоа беше за нијанса понеуспешен во клучните моменти.
Синер го доби првиот сет со 7:5, во вториот се врати од негатива од 5:2, а на крајот славеше во тајбрејкот со 7:4.
Одлучувачкиот гејм во вториот сет започна со сензационален поен, а неверојатната дефанзива на Синер се покажа како најава за заверување на победата и пласман во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами.








