„Цените на храната растат, платите не мрдаат – се покажа дека Мицкоски нема капацитет“, велат од СДСМ

Макфакс

25/03/2026

09:28

125

Големина на фонт

а а а

„СДСМ и претседателот Филипче ја предупредија Владата дека намалувањето на ДДВ од 18% на 10% нема да има ефект, дека без системски мерки – со намалување на акцизите и цените на храната – нема да има намалување на цените и дека граѓаните ќе плаќаат поскапо. Се потврди“, велат од СДСМ.

„Само еден ден по прес-конференцијата на Мицкоски, каде што промовираше една половична мерка, има ново покачување на цената на дизелот, која сега изнесува 95,5 денари за литар.

Мицкоски е дилетант кој нема капацитет да ја води Владата, или ова го прави намерно заради заштита на приватни бизниси. Или можеби и едното и другото.

Последиците веќе се видливи и во маркетите: маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, овошјето и зеленчукот над 100 денари за килограм, месото веќе е покачено.

Сѐ е поскапено, цените растат, а платите не мрдаат. Сега ниту 600 евра плата нема да им биде доволна на граѓаните да го преживеат месецот.

Наместо дефокус, Владата на Мицкоски треба да ја намали ароганцијата и да ги прифати мерките на СДСМ.

Дефокусот не ги полни фрижидерите, не носи храна на масата на македонските граѓани, не носи пари во семејните буџети.

Намалување на ДДВ на горивата на 5%, намалување на акцизите за 4 денари, 0% ДДВ за основните прехранбени производи, преполовување на патарините.

Законите се поднесени, мерките се издржани и реални – применете ги. Не поради СДСМ, туку поради граѓаните“, се додава во соопштението на СДСМ.