„Македонија со убедливо најниски цени на горивата, се прекина трендот на раст на цените“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

24/03/2026

09:14

163

Големина на фонт

а а а

Македонија„Македонија со убедливо најниски цени на горивата, се прекина трендот на раст на цените“, велат од ВМРО-ДПМНЕОбјавено пред 1 минута - 24 март, 2026Од А. O. / Макфакс „Приоритет и најголем интерес на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува одржувањето на стандардот на граѓаните. За таа цел, со вистински и навремени мерки, спречен ценовниот шок кај горивата. Со одлука на Владата за намалување на ДДВ-то на нафтените деривати од 18 на 10% се спречи поскапување на горивата и се постигна нивната стабилизација“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека регионот се соочува со енормни поскапувања, во Македонија бензините остануваат со иста цена, додека цената на дизелот се зголемува само за 3,5 денари наспроти очекувањата дека ќе поскапи за 10,5 денари по литар.

Со намалување на ДДВ за горивата дирекно се интервенираше во намалувањето и стабилизирањето на цените, со што цените на нафтените деривати се намалија од 6,5 до седум денари за литар гориво.

Според пресметките дневната заштеда за граѓаните е повеќе од 200.000 денари, додека на неделно ниво заштедата е приближно 1,5 милиони евра. Со ова, се потврдува дека навремената и прецизна интервенција на државата го прекина трендот на раст на цените, кој во спротивно ќе значеше поскапување за граѓаните и стопанството.

Во услови на силен раст на цените на светските пазари, со оваа интервентна мерка на Владата за намалување на ДДВ-то се прекинува синџирот на поскапувањата, од горивата до храна и услуги.

Македонија останува со убедливо најниски цени на горивата од земјите од регионот и меѓу ретките земји од регионот коишто директно од буџетот го одржува и се грижи за стандардот на граѓаните“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.