Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 16 степени

Макфакс

24/03/2026

08:05

187

Големина на фонт

а а а

Променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Времето во наредните денови

Во среда и во четврток ќе преовладува стабилно и суво време. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Од четврток ноќта до крајот на викендот под влијание на циклонска активност, следува период на нестабилно време со локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во четврток и петок претпладне ќе дува засилен ветер претежно од јужен правец.