Мицотакис објави пакет мерки во вредност од 300 милиони евра поради високите цени на енергијата

24Вести

23/03/2026

14:15

128

Големина на фонт

а а а

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денес објави пакет целни економски мерки во вредност од 300 милиони евра, со цел ублажување на последиците од зголемувањето на цените на енергијата и инфлацијата предизвикана од војната на Блискиот Исток.

Првата компонента од пакетот предвидува директна субвенција за дизел гориво во дистрибутивната мрежа во износ од 16 центи по литар, што со ДДВ води до амалување од околу 20 центи по литар.

Митотакис истакна дека целта на оваа мерка е да се спречи растот на цените на горивата од понатамошно зголемување на трошоците за производство и цените на производите, објавува Катимерини.

Друга мерка вклучува воведување на Дигитална картичка за гориво, која ќе им овозможи на домаќинствата и транспортерите да добијат привилегии при купување гориво.

Во просек, оваа поддршка изнесува околу 36 центи по литар, што за просечна месечна потрошувачка од 70 литри значи заштеда од 50 евра на копното на Грција и 60 евра на островите во период од два месеци.

Третата компонента од пакетот се фокусира на земјоделците, кои се погодени од наглиот пораст на цените на ѓубривата.

Владата ќе субвенционира 15 проценти од износот на сметките за купување ѓубрива, со цел да се ублажи притисокот врз трошоците за производство и да се зачува профитабилноста на земјоделските фарми.

Четвртата мерка се однесува на бродските компании што превезуваат патници и стока. Грчката држава ќе им исплати посебна компензација, но под услов да применуваат задолжителни попусти на цените на билетите. Целта е цените на бродските билети да се одржат блиску до нивото од претходната година, со што ќе се заштитат домашните потрошувачи и туризмот.

Премиерот Митотакис нагласи дека дел од трошоците од пакетот ќе бидат покриени од јавни средства, додека значителен дел ќе биде финансиран од сектори со зголемена профитабилност, како што е индустријата за игри, што го намалува товарот врз целото општество.

Со промена на оданочувањето на онлајн казината, државата очекува приход од 100 милиони евра, што ќе придонесе за покривање на трошоците од пакетот, пренесува Танјуг.

Во своето обраќање, Микотакис истакна дека целта на пакетот е да се зајакне отпорноста на грчките домаќинства и бизниси во моменти на глобална економска нестабилност, особено во енергетскиот сектор.