Делови од Центар денеска без вода

Макфакс

23/03/2026

08:02

154

Големина на фонт

а а а

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:

 поради уличен дефект Ф-200мм на улицата Славејко Арсов 48 во населба Водно, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Славејко Арсов и висока зона Пржино. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.

· поради уличен дефект Ф-80мм на улицата Ристо Шишков 39 во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од Фонтана Парк до Влада на РМ и од Булевар Илинден до Градски стадион. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.