МакедонијаПроменливо облачно време со сончеви периоди

Макфакс

22/03/2026

08:14

234

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне наместа ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од -3 до 4 степени, а максималната дневна ќе достигне од 10 до 17 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0 степени, а максималната ќе достигне до 15 степени.

На почетокот на новата седмица ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд. Од средината на неделата се очекува стабилизирање на времето и пораст на дневните температури. Во четврток ќе дува засилен ветер од јужен правец, а во текот на ноќта кон петок и во петок, под влијание на влажен бран, на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд.