22-годишен Турчин со тротинет тешко повреди 55-годишна жена на Партизанска и избега, полицијата го бара

Макфакс

11/04/2026

14:00

154

Големина на фонт

а а а

Скопјанка е тешко повредена од возач на тротинет кој избегал од местото на несреќата што се случила вчера попладне на булеварот Партизански одреди во Скопје.

Ф.Е.Т.(22) од Турција, управувајќи тротинет, удрил во пешакот К.Б.(55) од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Б., констатирани во Јавна здравствена установа ’Св.Наум Охридски’, Скопје“, соопшти МВР.

Полицијата направила увид на местото на несреќата и презема мерки за пронаоѓање на 22-годишниот возач на тротинет.